Зошто е важен тим билдингот?
Тим билдинг е една од најшироко користените активности за развој на групите во организациите.
Вработените се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности
како што е тим билдинг. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби. Тие се
одличен начин за подобрување на комуникацијата, моралот, мотивацијата, продуктивноста,
креативноста и помагањето на вработените подобро да се запознаат.
Тим билдинг програмите директно влијаат врз квалитетот на работата преку подобрување на
лојалноста и ангажираноста на вработените.
Каков резултат се постигнува преку тим билдинзите организирани од наша страна?
- Подобрување на лојалноста и ангажираноста на вработените;
- Овозможување на подобар квалитет на работниот процес;
- Наоѓање на решенија за тимски проблеми, односно подобрување на посточки производ, решение или услуга;
- Развивање на креативно размислување;
- Усогласување околу цели
На кој начин?
- Учење од искуство и активности во природата низ различни вежби и вештини
- Поставување вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.)
- Организирање забавни и едукативни игри (дел од нив креирани од Здружение на граѓани Еко
Логик)-интеракција помеѓу повеќе играчи при што се охрабрува тимска работа, и исто така се
овозможува околина во која можат да се подобруваат способностите и вештините на играчите
како меморија, рефлекс, логика итн.
- Имплементирање на D- learning методологија - откривање и разбирање на вистинските потреби,
проблеми и граници, со цел да се развиваат креативни решенија. Процесот вклучува методи кои
поттикнуваат емпатија за луѓето.
Примена:
Тим билдинг е еден од темелите на организацискиот развој и нашите понудени начини може да се применат на групи како што се бизнис компании, телекомуникациски компании, спортски тимови и итн.